Агенцијата за национална безбедност треба да ги провери сите лица кои од Македонија во последните 14 дена го посетиле зимскиот рекреативен центар — Банско во Република Бугарија и по добивање на листата од надлежните институции од Бугарија треба да ја сподели со Државниот санитарен и здравствен инспекторат за сите овие лица да добијат решение за самоизолација.
Оваа одлука ја донесе Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, на денешниот состанок одржан во Владата со кој претседаваше премиерот Оливер Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АПЕЛ: Сите што биле во Банско во Бугарија, кое е во карантин, да се пријават кај надлежните
Бугарија го стави Банско во карантин поради корона вирусот
„Економист“ со илустрација ја долови кризата поради корона вирусот: „Затворено“
(Видео) Фудбалски ѕвезди жонглираат со тоалетна хартија по дома „против“ корона вирусот
Фото: Влада