еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Важноста на личните документи продолжува додека трае вонредната состојба

Важноста на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју на „Канал 5“ телевизија, информирајќи за првите уредби со законска сила на Владата донесени вечерва.

-Со посебна уредба со законска сила на Владата е суспендирано важењето на законот за јавни собири согласно вонредната состојба, за спречување на заразата од корона вирусот, истакна Чулев.

Со законска сила, информираше министерот, донесено е и продолжување на испитните рокови поврзани со полагање на возачки испити и функционирањето на автошколите.

На странските државјани кои се затекнати во државата, како што истакна Чулев, ќе им се продолжи престојот до завршување на вонредната состојба.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги замрзна цените на лимонот, портокалите, мандарините, грејпфрутот и клементината

Корона вирусот засега на зелените пазари ги накачи цените на лимоните и кромидот

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Морничави сцени од Италија: Коронавирусот ги испразни улиците

Редакција

Завршни зборови на судењето за убиството на хрватскиот ракометар Тот

Редакција

Кумулативната инциденца во Куманово над 110, расте и во Скопје, Прилеп и Струга

Редакција