еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Пазарните инспектори, деновиве кога ја живееме кризата со корона вирусот ќе имаат поприлично работа. Просто е за неверување колку профитери „никнаа„ периодов кои нечесно сакаат да „ќарат“ од човечката несреќа и ги зголемуваат цените на различни производи.

Општо познато е дека од секогаш сме со недостаток на инспектори, а дополнително ограничување кога се во прашање цените на основните работи кои ни требаат секојдневно, за испекторите ќе биде што тие ќе можат да регираат само кај покачување на цените на лебот, солта, зејтинот, млекото и млечните производи, јајцата, брашното, месото, тестенините, лековите и дезинфекционите средства, за кои Владата ги замрзна цените.

За други цени на Пазарната инспекција рацете и се врзани, бидејќи имаме пазарна економија, каде истите ги диктира пазарот и побарувачката, па генерално и Владата неможе ништо посебно да направи за тоа и да сака.

Но, затоа можеме ние, граѓаните.

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените. Не купувајте од нив ако можете да го направите тоа уште сега, а кога се ќе заврши (а ќе заврши наскоро ако сите сме трпеливи и паметни и ги почитуваме мерките за превенција од корона вирусот), воопшто не купувајте од нив.

Па да видиме кој ќе “ќари“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

Првпат го видов „Силбо“ празно, корона вирусот го направи Скопје град на „духови“

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Урнебесни видеа: Како се справуваат луѓето низ светот со карантинот и самоизолацијата поради корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство побарало од надлежните органи од САД, да го спречат објавувањето на „бомбите“ од „Ел Чека“

Редакција

Вкупно 522 лица во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19, пет од нив починале

Редакција

Власта му ја укинала минималната социјалната помош на семејството што живееше под мост

Редакција