еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Македонија под итно треба да се задолжи на домашниот или на странскиот пазар за да обезбеди пари кои ќе ги искористи како финансиска инјекција односно за поддршка на компаниите и ликвидноста на буџетот, бидејќи економските последиците од корона вирусот можат да бидат кобни по домашната економија и нормалниот живот на граѓаните.

Јавниот долг на земјава заклучно со 2019 година изнесувал околу 5,5 милијарди евра или 48,9 отсто од БДП што остава простор за ново задолжување, бидејќи се уште ја немаме поминато границата од 60 отсто од БДП, која би значело влегување во ризична зона.

Нашата земја досега се задолжуваше за да ги враќа старите долгови, но и за да ги покрие зголемувањата на платите во администрацијата и да ги субвенционира оние во приватните компании, за да ги зголеми пензиите и за што уште не…

Сега задолжувањето е неопходно за да не дојде до отпуштања, затворање на бизнисите и зголемување на сиромаштијата што е извесно дека ќе се случат поради паниката и заканата од корона вирусот.

Иако Владата и Народната банка донесоа прв сет мерки против корона вирусот, се чини дека тие ни оддалеку не се доволни за да се амортизира шокот што го носи корона вирусот.

Имено, попусто е намалување на основната каматна стапка на Народната банка. Главен проблем сега е што во ваков период никој нема да се затрча да враќа кредити во банките.

Затоа, во вонредна состојба, каква што е сегашната, банките, кои располагаат со стотици милиони евра треба да излезат во пресрет и да овозможат на државата и граѓаните безкаматни кредити за да се надмине првичниот удар на корона вирусот врз економијата и животот во земјава. Тој допрва доаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Детален преглед: Прв сет економски мерки на Владата за ублажување на последиците од коронавирусот

Пазарниот инспекторат затвори 17 објекти кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот

Владата предлага воведување на вонредна состојба веднаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Адора Инженеринг“ купи 13.901 акции од „Комерцијална банка“

Редакција

По шест години во затвор, Миле Јанакиески од денеска на слобода

Редакција

Само еден од новопочинатите од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција