Во текот на изминатото деноноќие е регистриран и првиот случај на лице заболено од Ковид-19 во општина Ранковце.
Станува збор за машко лице на возраст од 58 години од општина Ранковце, со место на живеење во селото Петралица, потврдуваат од Хигиено-епидимиолошката служба, Подрачна единица на Центарот за јавно здравје, Крива Паланка.
Од Општина Крива Паланка досега официјално се потврдени две лица кај кои е утврден вирусот Ковид-19, а двата случаи се лица кои престојувале во Државниот завод за рехабилитација, Козле, во Скопје.
Кај едното лице, прв случај на Ковид-19 во Крива Паланка вирусот бил потврден за време на неговиот престој во „Козле“, по што е префрлен на Инфективната клиника, додека другото лице е тестиранпо и пуштено во домашна изолација, а резултатите покажале дека е позитивен.
Ова лице се наоѓа во домашна самоизолација, во Крива Паланка.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како и зошто од коронавирусот почина фризерот од Кочани кој имаше 40 години
Двајца починати од коронавирус во Тетово, еден нов заразен, вкупно 30
Заболени од коронавирусот и во селата Калиште, Добри Дол и во карантинот во Маврово