еМагазин
Image default
Македонија

Заболени од коронавирусот и во селата Калиште, Добри Дол и во карантинот во Маврово

Од четирите лица кај кои е потврден позитивен тест на Ковид-19, две лица се задржани на лекување во гостиварската болница. Медицинското лице вработено во епидемиолошката служба на центарот за здравје на повторното тестирање е негативно. Ова меѓу другото беше соопштено на состанокот на кризниот штаб за трите гостиварски општини.

Новорегистрираните два случаи се на територијата на општина Врапчиште од селата Калиште и Добри Дол, а едно лице е од карантинот во Маврово.

Заради симптоми и клиничка слика две се задржани на лекување во инфективното одделение во гостиварската болница, а две се во домашна изолација.

Засега не е познато каков ќе биде евидентиран случајот со медицинскиот техничар од епидемиолошката служба во Гостивар.

Тој, на повторниот тест се покажал како негативен, но како што беше кажано на состанокот, ќе остане во домашна изолација сé до конечна потврда.

Инаку, во петокот, подрачното одделение на Центарот за јавно здравје беше затворено, а во меѓувреме на друга локација е отворен пунктот за земање брисови.

Во Гостивар изминатаве денови се извршени вкупно 97 тестирања, а само вчера биле направени 17.

Локалните власти и натаму продолжуваат со мерките за дезинфекција на јавните површини и објектите.

МИА/Фото: Општина Гостовар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Куманово уште 4 новозаболени здравствени работници

Четворица пациенти со коронавирусот се лекуваат на штипското инфективно одделение

(Фото) Вицепремиерот Османи доброволно се пријавил да помага како лекар

Се што сакавте да прашате, а Ви беше срам: Дали ќе се заразите со коронавирусот за време на секс?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 568 граѓани поради неносење заштитна маска

Редакција

Европската Унија испраќа оценска мисија во Скопје за работата на Судскиот совет

Редакција

Девојче од Гостиварско се удави во Вардар, бегајќи од куче скитник

Редакција