еМагазин
Image default
Локално

Шест лица со симптоми на корона вирусот во Општата болница во Охрид

Новиот директор на Општата болница во Охрид, Горан Балевски денеска соопшти дека состојбата со заразата со корона вирусот будно се следи, уверувајќи оти здравствената установа има доволно капацитети, знаење за справување со предизвиците што ги носи епидемијата.

„Формиран е Кризен штаб составен од избрани лекари од сите одделенија, така што со заеднички насоки формиран е тријажен центар за прием на болни, кои потоа според однапред утврдени патеки на движење потоа се упатуваат кон соодветни одделенија зависно од потребата,“ изјави Балевски.

Моментално во болницата во Охрид се испразнети одделенијата за геријатрија и кожни заболувања, резервирани за сместување пациенти со сомнителна клиничка слика односно со симптоми на Ковид-19, а без потврдена дијагноза.

Согласно препораките на Министерството за здравство, полесните случаи пациенти позитивни на Ковид-19 се третираат на Инфективното одделение во Охрид, додека потешките се упатуваат во регионалниот центар во Битола.

Инфективното одделние во Општата болница во Охрид располага со три лекари, двајца специјализанти, со капацитет за сместување 20-тина пациенти. На одделението моментално има шест лица со симптоми на Ковид-19, чии резултати се уште не се пристигнати односно нивната дијагноза не е потврдена.

Од избивањето на епидемијата на коронаворусот досега во охридската болница се примени пет пациенти од Охридско-струшкиот регион позитивни на Ковид-19, кои потоа се упатени во специјалните центри за третман.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Гинекологија почина родилка од Охрид донесена со мртов плод, се утврдува дали имала коронавирус

Починатата родилка од Охрид и починатиот маж од Битола не биле заразени од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца постари мажи и малолетник во струшко злоставувале девојче под 14 години, едниот бил пријател на нејзиното семејство

Редакција

Во Скопје вчера санкционирани 116 возачи

Редакција

Промени во паркирањето во општина Центар

Редакција