еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На Гинекологија почина родилка од Охрид донесена со мртов плод, се утврдува дали имала коронавирус

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа, во 22 часот, почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, родилка која вчера попладне е донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба (телесна температура над 39 степени) и со мртов плод, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство.

„На пациентката уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен е брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирусот.

За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што таа беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но, за жал. во 22 часот е констатирана смрт. Причина за смртта најверојатно е сепса со масивна тромбоемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза.

Се работи за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните 5 месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.

Сега починатата родилка е донесена на Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје со амбулантно возило од ОБ Охрид, без претходна најава. По измерената телесна температура, таа е веднаш спроведена на посебен влез до одделението за изолација на клиниката,“ се вели во соопштението.

Од таму потсетуваат дека еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки суспектни и позитивни на Ковид-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираме уште еднаш сите пациентки кои доѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки дадени од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и здравјето на околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел соодветно и навремено преземање на мерките кои се однесуваат на заштитата на вашето здравје, здравјето на вашето бебе и безбедноста на здравстевниот персонал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се породи заболена жена со коронавирус од Куманово

24 од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 7 неодамна патувале во странство

35 случаи на здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница

Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнови податоци за бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

(Фото+видео) Најмалку 93 убиени во терористичкиот напад во Москва, уапсени 11 лица

Редакција

Влада: Се подготвува веб-платформа за решенијата за изолација, податоците ќе бидат заштитени

Редакција