На 06.04.2020 во 08.35 часот во СВР Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив било донесено починато лице, информира МВР.
Од увидна екипа од СВР Штип во содејство со ОЈО Штип и Трудов инспектор бил извршeн увид на местото на настанот, при што било утврдено дека околу 07.45 часот Љ.А.(52) од Штип паднал при извршување на работни задачи во каменолом, после што бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде од страна на лекар констатирана била смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.