еМагазин
Image default
Локално

Поднесен обвинителен акт против 70-годишник за полов напад врз 10-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото.

По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил лишен од слобода и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка.

Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото кое му се става на товар“, соопшти Обвинителството. ​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел од ЦУК: Ризична зона на Матка, граѓаните да не се движат под карпата на десниот брег

Редакција

Мажот од Кочани кој уби жена со 40 убоди од нож доби доживотен затвор

Редакција

(ВИДЕО) „Македонија Блокира“ не успеа да го блокира патот кон Охрид

Редакција