еМагазин
Image default
Локално

Апел од ЦУК: Ризична зона на Матка, граѓаните да не се движат под карпата на десниот брег

Граѓаните да не се движат под карпата на десниот брег од речното (езерското) корито на Матка. Зоната е ризична и ќе биде обележана, но ќе се ограничи и движењето, соопшти Ценарот за управување со кризи (ЦУК).

Ова е и еден од заклучоците донесени на денешниот работен состанок на ЦУК, што се одржа под раководство на директорот Стојанче Ангелов, со претставници на институции, експерти и научни работници од државата, како и со претставници на дел од субјектите на Системот за управување со кризи.

На состанокот беше констатирано дека состојбата со карпата на Матка на долг рок е неодржлива.

Карпата има гранична стабилност поради што е потребно преземање мерки и активности за превенција и намалување на опасноста. Можно е евентуално паѓање (одрон на карпата) или излевање и ударен бран од водата.

ЦУК соопшти дека официјално ќе иницира изготвување проектна програма на дејствување.

-На работниот состанок беа донесени заклучоци за обврските што е потребно да се преземат за превенција.

Тоа се заклучоци во насока на генерални чекори синхронизирани од повеќе институции во државата, а поттикнати и глобално координирани од ЦУК: прво – проектна програма за дејствување; второ – изработка на техничка документација, проект за санација на проблемот и на крајот, како трето – јавна набавка за избор на изведувач на работите за санација на опасната карпа.

Во насока за превенција ќе бидат донесени мерки од надлежните за ограничување на движењето во зоната на опасност што не би го попречило работењето на фирмите во околината и движењето на туристите надвор од зоната на ризик, информира ЦУК.

Покрај тимот на ЦУК, на состанокот присуствуваа претставници од Државен инспекторат за животна средина, Градежниот факултет, Градежниот институт, Геолошкиот завод, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, како и претставник од Комисијата за води и брани при Министерството за животна средина и просторно планирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Можен ризик од одрон на карпа од 20 тони над браната Матка, надлежните да ја проверат состојбата, апелира Ангелов

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избегната трагедија: Пожарникари извлекуваа возач од превртено возило

Редакција

Казната е од 100 до 400 евра: Две прекршочни пријави за лажно повикување полиција во Тетово

Редакција

Тешко повреден кавадарчанец при експлозија на стовариште за отпад

Редакција