еМагазин
Image default
Локално

Казната е од 100 до 400 евра: Две прекршочни пријави за лажно повикување полиција во Тетово

СВР Тетово информира дека ќе поднесе две прекршочни пријави за лажно пријавување на настан и барање на интервенција од полицијата.

За овие прекршоци се предвидени глоби од 100 до 400 евра, а се по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде се вели дека ќе се казни тој што лажно повикува на помош или пријави настан со намера да предизвика излегување на служебно лице на државен орган или јавна служба.

-Секторот за внатрешни работи Тетово на Л.Н.(52) од Пробиштип која времено престојувала во Тетово и на тетовката Џ.Р.(47) им изготви соодветни поднесоци по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, затоа што во текот на овој месец двете пријавиле физички напади и побарале полициска интервенција, а потоа се предомислиле и не го потврдиле пријавеното, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатите девет месеци од оваа година на подрачјето се бележат вкупно 204 реални нарушувања на јавниот ред и мир, односно прекршоци.

Во овие нарушувања биле инволвирани 279 сторители, а најголемиот број од прекршоците се целосно расчистени и заокружени со соодветни поднесоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

-Најмногу од прекршоците за кои се изготвени и барања за поведување на прекршочни постапки се случиле во град, најчесто со поединечно учество на сторителите, од кои  во овој период дури најмногу биле мажи.

Најголемиот број од сторителите се на возраст над 25 години. Меѓу евидентираните прекршоци повторно најбројни се физичките напади, 82 се случиле на тетовското подрачје, потоа тепачките, дрско и непристојно однесување, исто така, навредување и омаловажување на службено лице или државен орган и така натаму, посочува Јосифоски.

Во периодот за кој станува збор, регистрирани се два прекршоци во и околу училишта и три на спортски натпревари, додека не се бележи ниту едно нарушување на јавниот ред и мир со меѓуетнички предзнак.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жената која падна од тераса на 8. март во Охрид била турната, кривична за двајца за обид за убиство и помагање

Редакција

Пожарот во Идризово бил поради застарена електрична инсталација

Редакција

Во скопски Бутел со експлозив се обиделе да ограбат банкомат

Редакција