На новинарско прашање за тоа дали има евентуално заболен политичар или некој од извршната власт од корона вирусот, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека засега нема таква информација.
Во однос на каснењето на резултатите од тестовите, тој додаде дека можеби се доцни затоа што еден ден се прават подготовки, а другиот ден се прават тестовите.
Министерот информираше дека на Клиниката за инфективните болести се ангажирани и специјалистите и нема рестрикција во кадарот, односно сите се активни, а постарите специјалисти пак помагаат во менаџирањето со матични лекари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест од Дебар: Четири дена нема новозаразени со коронавирусот
Вкупно заболени од корона вирусот 599: Нови 29 случаи, најмногу во Скопје и Куманово
На Клиниката за инфективни болести починале четворица пациенти, и еден дома во Куманово
Фото: Влада