еМагазин
Image default
Македонија

Четири нови случаи заразени од корона вирусот во Прилеп, еден во Крушево

На територијата на општина Прилеп денеска се регистрирани четири нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 изнесува 38, информираат од локалната самоуправа.

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдија дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во општина Крушево.

Во Инфективното одделение на прилепската болница „Борка Талески“ се наоѓаат четири лица, сите со средна клиничка слика.

Вчера во попладневните часови, на Инфективната клиника во Скопје е транспортиран еден повозрасен пациент, кај кого била констатирана потешка клиничка слика.

Инаку, во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца од нив се чекаат резултати од земениот брис, а за третиот пациент е во фаза на обработка.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Графикон) 74 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани

(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови

Дури 69 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Детален преглед: 18 лица од новозаболените имале контакт со потврден случај на коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имотот на Јанакиески, Мисајловски и Божиновски под лупа на Антикорупциска

Редакција

Убава вест: Оздравени 448 болни од Ковид-19

Редакција

Регистрирани 413 нови случаи на Ковид-19 од 3.025 тестирања

Редакција