На 08.04.2020 во 09.10 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека на кејот на реката Вардар бил пронајден починат Н.А.(54) од Скопје, информира МВР.
Според пријавеното, додека Н.А. трчал, му се слошило и паднал. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.