еМагазин
Бизнис

Инспекторите на терен: Затворени 4 угостителски објекти, надвор од употреба 40 кафемати

Затворени се четири угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово кои не ја почитувале забраната за работа, а надвор од употреба се ставени 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар, при надзорите што ги спровеле пазарните инспектори од 6 до 8 месецов во однос на почитување на мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска денеска соопшти дека од 6 до 8 април  шесте инспекциски служби спровеле вкупно 1.346 надзори од кои 547 од страна на Државниот пазарен инспекторат.

Пазарните инспектори извршиле и визуелни контроли на угостителските објекти низ државата при што е констатирано дека ја почитуваат забраната за работа, а кај мал дел од трговците се констатирани зголемени цени на производи и по надзорите се вратени на изност од 11 март.

Во тек на 164. надзори од инспекторите при Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени шест мерки и едукациии поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и се изречени седум решенија за костатирана лоша општа хигенска состојба, а правните субјекти се задолжени да извршат дезинфекција.

Спроведени се и 43 контроли од инспекторите од Агенцијата за лекови, кои констатирале дека нема специфични отстапувања и оти секторот ги почитува препораките, односно се одржува ред во аптеките, а цените се во согласност со одлуките на Владата.

Трудовиот инспекторат, пак, извршил 422 надзора, во тек на кои изрекол едно решение и 11 укажувања во однос на почитување на препораката за ослободување од работа на лица со деца до 10 години. Работодавачите генерално ги почитуваат препораките на Владата.

Транспортниот инспекторат, пак, извршил 114 надзори и повторно е констатирано дека меѓуопштинскиот превоз е редуциран за 90 проценти, а автобуските станици ги почитуваат владините препораки.

Филиповска Грашкоска повторно апелираше да се почитуваат мерките препораките за заштита од корона вирусот, најавувајќи дека ќе биде санкциониран секој кој нема да ги почитува.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Дебар од корона вирусот излекувани 23 лица, седми ден нема новозаразени

Вкупно 711: 48 нови случаи на заболени од коронавирусот, во Куманово 25

Судењето за „Рекет“ одложено поради појавата на корона вирусот во затворот Шутка

Кривична пријава за објавување список со имиња и адреси на заразени од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Едусофт“ го доби тендерот на МИОА за модернизација на системот на електронско управување со документи „тежок“ 820.000 евра

Редакција

„Водовод и канализација“ вработува, плата до 29.400 денари

Редакција

„Герас Цунев – конфекција“ со загуба ја заврши минатата година

Редакција