еМагазин
Image default
Македонија

Oд Италија денеска се враќаат 180 граѓани, ќе бидат во карантин во хотелот „Дрим“

Со организиран лет од Венеција денеска во 14:00 часот на скопскиот аеродром во земјава се враќаат 180 македонски државјани кои поради корона кризата биле затекнати во Република Италија.

Како што соопштија од владината прес – служба, и за овие наши граѓани е организиран превоз според сите пропишани стандарди.

Тие ќе поминат 21 ден државен карантин во хотел „Дрим“ во Струга, согласно одлуката од 40-та седница на Владата, која се однесува на прифаќањето на патниците што доаѓаат од високо ризична земја според листата на Светската здравствена организација.

Воедно, потсетуваат дека секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници.

Сместувањето, пак во државен карантин е во строго контролирани и безбедни услови, без никаков финансиски надомест.

„Како и досега, нашите државјани кои ќе допатуваат од Италија, Венеција, од аеродром до локацијата за државен карантин ќе бидат превезени со безбеден и строго контролиран автобуски превоз.

Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода“, стои во соопштението.

Вчера со организиран лет беа репатрирани вкупно 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија. Репатрирањето беше реализирано во организација на нашите амбасади во Стокхолм, Копенхаген и Хаг, во соработка со генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.

Владата на вчерашната 40-та седница одлучи македонските граѓани кои од вчера ќе влезат на граничните премини во земјава, а доаѓаат од земји со висок ризик од кронавирусот, наместо 14 дена ќе треба да проестојуваат во карантин најмалку 21 ден, а мерката ќе важи за сите наши државјани вратени во земјава со хуманитарни летови или со конвои по копнен пат.

Според статистиката на МНР, заклучно до 10 април во земјата организирано со 11 летови и четири хуманитарни конвои во земјава се вратени 2.704 наши државјани затекнати во странство, а репатрирани беа и над 700 странски државјани

МИА/Фото: Општина Струга

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десет новозаразени со корона вирусот во Прилеп, тројца починати

Кај 242 лица од заразените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија

Кај 76,4% од починатите од коронавирусот во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Демократскиот сојуз бараат да се промени преговарачка рамка или да се отфрли “францускиот предлог“

Редакција

Само три скопски општини со над 100 активни случаи на заболени од корона вирусот

Редакција

Љубчо Георгиевски: Ветото на Бугарија ќе биде континуитет на бугарската катастрофална политика

Редакција