еМагазин
Image default
Македонија

Нема нови случаи на заболени од коронавирусот во затворот во Шутка

Од досегашните резултати од проверката на затворениците и лицата кои се во притвор во затворот во Шутка, нема позитивни на вирусот Ковид-19, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

– Во затворот во Шутка, интензивно се работеше во изминативе денови, во насока на интензивни клинички прегледи од страна на лекари од Здравствениот дом Скопје, на сите луѓе што се сместени во сите блокови.

Интензивно беше земен материјал од голем број луѓе сместени во одредени блокови каде беше сместено лицето кое почина. Секако имаше проверка и дадени се соодветени насоки од страна на епидемиолозите за вработените, согласно информациите на контактите на лицето кое почина. Состојбата е детално аналзирана, рече министерот Филиче.

На 8 април годинава, по еден месец во притвор, еден граѓанин од Ресен почина во затворот во Шутка.

По обдукцијата на телото на починатиот беше утвредено дека тој бил позитивен на Ковид-19.

По овој настан во овој Казнено-поправен дом дојде до револт на затворениците кои бараа да се преземаат мерки за заштита од коронавирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куманово „плаче„ за карантин

Убава вест: 7 здравствени работници се оздравени и вратени на работа

Убава вест: Четиримесечното бебе, кое е најмлад пациент заболен од Ковид-19 во стабилна состојба

Лаборант од Клиниката за детски болести заболен од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дескоска и Милошоски со различни верзии: Кои се пречките за идниот статус на СЈО?

Редакција

Нови 246 случаи на Ковид-19 од 4.072 тестирања

Редакција

Чаир има над 400 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопски општини

Редакција