еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Куманово „плаче„ за карантин

Општинскиот кризен штаб на Куманово по којзнае кој пат и денеска повторно побара карантин, поради константното влошување на состојбата со „корона-кризата„ во оваа Општина.

Од таму овој пат бараат двонеделен контролиран карантин и воведување кризна состојба на територијата на Општината, затворање на влезовите и излезите во градот, олеснувања само на лица кои вршат професионални задачи кои со посебна дозвола би го напуштале и би се враќале во градот под посебни услови, соопшти градоначалникот Максим  Димитриевски.

Куманово денеска има нови 25 позитивни случаи на коронавирусот и двајца починати.

Вкупно досега има 236 позитивни лица и 12 починати, а во оваа статистика вклучени се и случаите во општина Липково.

Куманово, според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е Општината со најголем број на починати од вирусот, а овде како што денеска кажа Димитриевски смртноста е 5,36%, што е повисока од просекот во Македонија, кој изнесува 4,1%.

Плус во општата болница во Куманово има дури 44 позитивни лица од персоналот, рече Димитриевски.

Министерот за здравство, Венко Филипче пак на денешната прес конференција рече дека се следи состојбата во Куманово и дека засега не се потребни дополнителни мерки.

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот која на дневна основа ја прави ИЈЗ, а еМагазин секојдневно ја пренесува, заклучно 12. април, повторно покажа нов раст на кумулативната инциденца во Куманово.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 147,9, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Штип и Скопје„, стои во анализата на ИЈЗ.

До 11. април таа бројка во Куманово беше 140, 2, до 10. април, 127,6, до 9. април, 117,7, до 8. април,100,2, до 7. април, 91,1, до 4 и 3. април, според податоците на ИЈЗ, беше 65,2.

Како изгледа состојбата по другите градови погледнете на мапата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лаборант од Клиниката за детски болести заболен од коронавирусот

Убава вест: Четиримесечното бебе, кое е најмлад пациент заболен од Ковид-19 во стабилна состојба

Прв случај: Кичевецот позитивен на коронавирусот работел надвор од земјата и бил во државен карантин

ММФ: Корона вирусот ќе предизвика најтешка економска криза од Големата депресија во 1930-тите

Фото: Општина Куманово/Мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во пожарот кој траеше четири часа изгоре горниот дел од главната зграда на „Жито Битола„

Редакција

Која друга компанија освен “Сајтрокс“ е на црната листа на САД, а е поврзана со Македонија

Редакција

(Видео) Бугарски новинар провоцира на протестот, нарекувајќи не „Северномакедонци„

Редакција