еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанската комора ќе ги спојува тие што произведуваат и на тие што им требаат заштитни маски

Стопанската комора на Македонија апелира до компаниите што произведуваат заштитни маски да ги достават до Комората основните информации поврзани со нивната продажба, цени, количини, период и начин на испорака.

„Стопанската комора бесплатно ќе ги постави овие информации на соодветно место на својата интернет-страница и со тоа ќе овозможи полесно да се сретнат понудата и побарувачката на заштитни маски на домашниот пазар.

Kомпаниите што сакаат да набават и бесплатно да им дадат заштитни маски на своите вработени, тоа ќе можат поедноставно да го направат. На тој начин и компаниите ќе работат и работниците ќе бидат подобро заштитени,“ се вели во соопштението на Комората.

Од таму потсетуваат дека експертите од медицината посочуваат дека користењето на заштитни маски значително го намалува ризикот од пренесување на корона вирусот.

Носењето маски е препорачано и станува задолжително за одредени ситуации во секојдневниот живот, а процесот на своевидна нормализација на македонската економија најверојатно ќе вклучува и нивно користење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како правилно се става и вади маската за заштита која граѓаните задолжително ќе треба да ја носат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Гази Баба склучи договор со “Филип инженеринг“ вреден над 1 милион евра

Редакција

Во Македонија регистриран случај на птичји грип кај дива птица

Редакција

Нема големо аерозагадување во Тетово, штетата од пожарот 12 милиони евра, децата може да се вратат на училиште

Редакција