еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Ангеловска: Затворање на работни места се очекува, но се презема се за тој ефект да биде минимизиран

Многу е важно кога гледаме податоци, тие да бидат потполни. Многу мала е разликата да се соопштува податок за одјави по основа на М1 и М2 од Агенција за вработување, без да се спореди со пријавите и со истиот период од минатата година.

Вака денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговори на новинарското прашање дали е точно дека во март годинава отказни решенија добиле 20.000 граѓани, наспроти 1.900 лица како што покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Ангеловска напомена дека актуелната ситуација сериозно, но и реално се согледува. Затворање на одредени работни места се очекува, но и се презема се за тој ефект да биде минимизиран.

„Најновите податоци во овој момент ги немам, но Агенцијата за вработување ги има и може да ги сподели. Важно е дека ако сме одјавиле 20.000 лица, а биле пријавени 16.000, се работи за нето ефект кој треба да биде погледнат од пријавени и одјавени лица.

Ако истиот тој период и истите бројки се споредат со лани, трендот е дека се бележи одредено намалување на бројот пријавени наспроти одјавени. Мораме на оваа сериозна ситуација да и пристапиме со доза на реалност.

Дали е нормално да очекуваме дека ќе има и одредени затворања на работи места – да, дали преземаме се за тој ефект да биде минимизиран за што помалку луѓе бидат одјавени и за што повеќе луѓе да го задржат своето рабтно место – апсолутно да. И тоа се прави системски, со сетови на мерки за да биде побрза фазата на реално опоравување,“ нагласи министерката.

Според неа, многу е потешко компанија со 20 или 50 вработени, а камоли со над 100 вработени, која инвестирала во луѓето, да ги отпушти, за потоа повторно да бара кадар.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Развојна банка со нов пакет бескаматни кредити за компаниите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се измените и поволностите за аплицирање за кредити за „Купи куќа, купи стан“

Редакција

Угостителите незадоволни од препораките на Комисијата за работата на рестораните за претстојниот период на празници

Редакција

Основните трошоци за живот поскапени: За два месеци синдикалната кошница зголемена за повеќе од 400 денари

Редакција