еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Угостителите бараат Владата да објави колкава е искористеноста на финансиската помош во секторот

Владата јавно да ги објави податоците за искористеноста на средствата од финансиската помош во угостителството, како по број на субјекти, така и во апсолутни суми, бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.

Според Комората, само така може да се добие реална слика за димензијата на поддршката која се дава и за очекувањата во наредниот период.

Комората бара и итно донесување прецизни протоколи за работа. Воедно предупредува дека е прашање на недели кога ќе почне да згаснуваат угостителските објекти поради заостанати долгови со што ќе се зголемува и бројот на оние што ќе останат без егзистенција.

– Од околу 6.500 правни субјекти во угостителскиот сектор, само 132 добија комбинирана помош, односно поддршка за плата и неповратен грант за покривање на останатите трошоци.

Овој податок покажува дека дел од  претпријатијата добија помош само за исплата на плати на вработените, а за другите трошоци, во услови на намалена деловна активност, самостојно обезбедуваа средства 11 месеци, рече денеска на прес-конференција потпретседателот на комората, Мартин Ангеловски.

Според него, ако навреме и докрај не се решат актуелните проблеми во секторот, последиците ќе бидат дологорчни.

– Охрабруваме за поголема ажурност и свесност за проблемите во кои се наоѓа овој секторот. Иако угостителството во моментов е една од најнепосакуваните дејности, може да се спаси доколку сите бидат на висина на задачата, оцени Ангеловски.

Одговорајќи на новинарско прашање, тој рече дека се е возможно ако се сака. Јануари уште не е поминат, а платите за овој месец се даваат до 15 февруари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради заглавувањето на петтиот пакет во Собрание, околу седум илјади вработени не зеле плата во февруари

Редакција

Ценовен шок по празниците: Месото и месните преработки драстично ќе поскапат

Редакција

Во февруари раст на цените на овошјето, виното, рибата, лебот…

Редакција