еМагазин
Image default
Локално

Приведен дилер на дрога во Велес

На 26.01.2021 во 19.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Љ.Т.(41) од Велес, поради постеоње основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира МВР.

„По претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, наменети за улична продажба, како и дигитална вага, евра и денари.

Љ.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во КПУ Затвор „Скопје“ поставена фитнес опрема, наскоро и часови по компјутерски вештини

Редакција

Маж од Крива Паланка нападнал полицајци

Редакција

Поради грешки во проектната документација било стопирано реновирањето на Универзалната сала, тврди градоначалничката Арсовска

Редакција