еМагазин
Image default
Свет

Бројот на починати од корона вирусoт во САД надмина 50.000

Бројот на смртни случаи од корона вирусот во САД надмина 50.000, според евиденцијата на универзитетот „Џон Хопкинс“.

САД се светски епицентар на пандемијата. Во земјата, епицентар е градот Њујорк со повеќе од 16.000 жртви.

На ниво на САД, регистрирани инфекции од коронавирусот има кај повеќе од 870.000 Американци. Вчера беа пријавени околу 20.000 случаи на новозаразени.

Иако епидемијата се шири, некои сојузни држави планираат отворање на локалните бизниси и зголемена социјална интеракција, соочувајќи се со прашањето како да се отвори економијата без да се предизвика втор бран на епидемија.

Законот за помош на болниците, за тестирање, и за поддршка на малите бизниси во висина од 484 милијарди долари изгласан од американските законодавачи, денеска треба да биде потпишан од претседателот Доналд Трамп.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мисури ја тужи Кина поради пандемијата од корона вирусот, конгресмени бараат САД да покрене постапка во Хаг

Трамп предлага инјектирање дезинфекциски средства како лек за коронавирусот, лекарите шокирани

Трамп: САД ќе прекине да ја финансира СЗО поради пропустите за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кипар го укинува „златниот пасош“ за богатите странски инвеститори

Редакција

(Видео) Случајот Навални ја тресе светската јавност: Неговата докторка тврди дека е отруен и бара увид во лекувањето

Редакција

(Видео) Хаос на улиците по силниот земјотрес во Перу

Редакција