еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија кај Мрзенци: Две лица загинаа во судар меѓу мотоцикли

Попладнево во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци, на автопатот А1, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија.

Во несреќата животот го изгубиле Ј.Ј. (22) од струмичкото село Добрејци и А.Ѓ. (35) од струмичкото село Робово, соопштија од СВР Струмица.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца пациенти живи изгореа во пожар во ковид-одделение во Бугарија

Редакција

Авионите на ДЗС гасеа пожари во Орашец, Рамно и Ново Село, исфрлени 30 тони вода

Редакција

МВР откри мултимилионски криминал: Кривични пријави за 12 лица – стечајни управници, инспектори, управители, банкари..

Редакција