еМагазин
Image default
Локално

Авионите на ДЗС гасеа пожари во Орашец, Рамно и Ново Село, исфрлени 30 тони вода

Дирекцијата за заштита и спасување и вчера продолжи со воздухопловна поддршка и целодневна акција за гасење на пожари во значаен дел од Македонија.

Со направени 12 летови и исфрлени 30 тони вода дејствуваше во местото Орашец во општина Чашка, местото Рамно кај Самоков општина Македонски Брод и во Ново Село, Струмица.

Како што соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, со целиот свој капацитет и материјално-технички и човечки ресурси, активно учествуват во справување со огнената стихија во земјава.

-И покрај секојдневните апели, предупредувања, забраната за движење на физички лица во шуми и шумски подрачја, пожарите и денеска дивеат низ целава земја. Затоа, уште еднаш испраќаме апел за активно вклучување на сите институции како на локално, така на централно ниво во заштита на шумите и природните ресурси на нашата земја, стои во соопштението од ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонија има само три авиони за гасење на пожари

Пожари секој ден: Кој тоа си ја пали сопствената држава и сака да предизвика криза?

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина 23-годишно момче во сообраќајка на патот Скопје-ХЕЦ Козјак, неколкумина повредени

Редакција

Полицаец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, заедно со неговиот татко поранешен полициски службеник

Редакција

За два дена две жртви на патот Штип-Кочани, СВР Штип со апел до учесниците во сообраќајот

Редакција