еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Гевгелија во моментов не е на картата градови со заразени од корона вирусот

Резултатите од второто тестирање на четиричленото семејство од Гевгелија, кои стигнаа претпладнево, се негативни како и од првото тестирање, така што општина Гевгелија не е повеќе на картата на градови и општини во земјава со заразени лица од корона вирусот, потврди епидемиологот Сашо Олумчев од подрачната единица на Центарот за јавно здравје.

Веднаш по пристигнувањето на резултатите, рече Олумчев, членовите од семејството се регистрирани како излекувани и се ослободени од карантин.

Според негово мислење, состојбата на ова поле во општина Гевгелија е стабилна, но сепак доктор Олумчев вели дека не треба да се опуштаме затоа што вирусот е невидлив и подмолен и може да го има секаде.

Особено за критични ги смета идните десетина дена за евентуално појавување на позитивни пациенти поради изминатите велигденски празници во кои сепак имаше дојденци од страна и веројатно блиски контакти кои би можеле да резултираат со несакани нови случаи.

Со надеж дека нема да биде така, епидемиологот Олумчев рече дека досега во гевгелискиот пункт се земени брисеви од 100 пациенти од кои кај 97 резултатите на Ковид-19 се негативни, од тројца тие се очекуваат во понеделник.

МИА/Фото: Општина Гевгелија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Куманово и Липково седум новозаразени од корона вирусот

Во Прилеп осум новозаболени од корона вирусот, почнува акција за дезинфекција

СЗО: Нема докази дека излекуваните од корона вирусот стекнуваат имунитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 23%: За една недела 4.463 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

“Поколението на Македонците е исправено пред современите предизвици, но има и света должност да опстои“: Илинденското послание на МПЦ-ОА

Редакција

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Стаменковска Стојковски поднесе оставка, ќе биде дополнителен заменик министер

Редакција