еМагазин
Image default
Македонија

Нов позитивен случај на Ковид-19 во Добри Дол

Во гостиварскиот регион изминатото деноноќие регистриран е нов случај заразен со коронавирусот.

Жител на Добри Дол имал позитивен тест и тој е во добра здравствена состојба. Вкупната бројка на инфицирани од почетокот на коронакризата во гостиварскиот регион достигна 20.

Информацијата ја сподели шефот на меѓуопштинскиот кризен штаб (Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше) на петнасеттиот состанок, кој денеска се одржа во салата на советот на Општина Гостивар.

– Оценка на меѓуопштинскиот штаб е дека состојбата во трите општини е стабилна и во иднина состаноците ќе се одржуваат по потреба и во зависност од актелната состојба.

Досега на подрачјето вкупно се регистрирани 20 случаи, а извршени се 250 тестирања. Во општина Гостивар речиси една недела нема активен случај. Во Врапчиште има еден, а во Маврово и Ростуше два, рече градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Тој упати апел до граѓаните да бидат внимателни за време на празничните денови и задолжително да се придржуваат кон мерките за заштита.

Таравари нагласи дека штабот од централните власти ќе побара повторно да го разгледаат барањето за намалување на полицискиот час и да трае од 23 до 5 часот и отварање на угостителските објекти, бидејќи како што потенцира, тоа ќе биде важно за опоравување на локалната економија.

Во гостиварската општина изминативе шест дена нема активен случај на заболен од Ковид-19, а бројката на тестирани достигнала 250.

Во најмалубројната општина, Маврово и Ростуше има два активни случаи.

Со решение на здравствените власти, едно лице се наоѓа во самоизлоација, а 71 се во државниот карантин во хотелот Макпетрол во Маврово.

МИА/Фото: Општина Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лицата кои се заразија со коронавирусот на семеен настан во Скопје се од Чаир

Починаа уште двајца пациенти заболени од корона вирусот, вкупно до сега 106

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Радовиш досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Редакција

Одбиени барањата на одбраната на Груевски за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација

Редакција