еМагазин
Image default
Македонија

Во Свети Николе нема заболено лице од коронавирусот, туку во Општина Лозово

Во денешниот здравствен билтен за новозарезени пациенти со коронавирусот се нотира и случај од Свети Николе, но попладнево од Општинскиот кризен штаб информираат дека Свети Николе и понатаму успешно се справува со ширењето на вирусот, а денешниов случај е од соседната помала Општина Лозово.

-Се известуваат граѓаните на Општина Свети Николе дека согласно последните информации за заболено лице од Ковид-19, каде се споменува лице дека е заболено од Свети Николе, ве информираме дека се работи за лице од Општина Лозово, за кое е издадено решение за самоизолација.

Со ова во Општина Свети Николе се уште нема заболени лица од коронавирусот, се вели во писменото соопштение од градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој апелира до жителите на неговата општина да се придржуваат и понатаму на мерките и препораките на Владата, како и на Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб.

МИА/Фото: Општина Лозово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лицата кои се заразија со коронавирусот на семеен настан во Скопје се од Чаир

Нов позитивен случај на Ковид-19 во Добри Дол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација му ја зголеми казната на возачот осуден за сообраќајката кај „Сити мол“

Редакција

Владата го усвои планот на МОН за наставата: Моделот ќе биде според мислењето на Комисијата

Редакција

За неносење маски 429 казни во изминатите 24 часа

Редакција