еМагазин
Македонија

Во Радовиш досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници

Во Радовиш досега е поднесена една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници од Горан Поцев.

Според информациите од Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија, кандидатурите се поднесени денес и до 30-ти овој месец подносителите треба да ги соберат потребниот број потписи.

За Општина Конче досега нема поднесено независна кандидатура за градоначалник и листа на советници.

Инаку, во Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Радовиш трае увидот во Избирачкиот список и досега 52 граѓани го искористиле своето право да извршат увид, а нема ниту едно барање некој да биде запишан во Избирачкиот список.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадата на САД за барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи

Редакција

Објавени резултатите од Конкурсот за сместување ученици во ученичките домови во 2023/2024

Редакција

Убава вест: Оздравени 136 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција