еМагазин
Image default
Свет

Расте бројот на труења во САД по „саркастичниот“ совет на Трамп за вбризгување на дезинфициенти

Директорката на американскиот Завод за јавно здравство во сојузната држава Илиноис, Нгоки Езике изјави дека е регистриран значителен пораст на труење со дезинфекциски средства во последните два дена.

Таа додаде дека тоа се совпаѓа со советот на американскиот претседател Доналд Трамп за вбризгување на дезинфициенти со цел да се спречи Ковид-19. Потоа Трамп истакна дека не делел совети, туку бил саркастичен.

Езике посочи дека примиле пациенти кои со детергенти се обидувале да ги измијат синусите, додека едно лице правело гаргара со мешавина од избелувач и вода за уста, за да го уништи новиот коронавирус.

„Вбризгување и шмркање средства за чистење е опасно. Не го советуваме тоа, тоа може да биде смртноносно“, посои д-р Езике.

Трамп изјави дека дека инјектирање средство за дезинфекција, како што е изопропил алкохол во телото може да го убие новиот коронавирус, а исто така предложи и зрачење на телото на пациентот   со УВ зраци. Уште на самата прес-конференција лекарот ги оспори советите на Трамп.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп предлага инјектирање дезинфекциски средства како лек за коронавирусот, лекарите шокирани

Бројот на починати од корона вирусoт во САД надмина 50.000

Мисури ја тужи Кина поради пандемијата од корона вирусот, конгресмени бараат САД да покрене постапка во Хаг

Фото: Вашингтон пост

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како се дочека новата 2023 година во Сиднеј, Токио, Лондон, Дубау, Њујорк, Рио де Жанеиро

Редакција

Поради корона вирусот: САД ги суспендираше сите летови од Европа до земјата на 30 дена

Редакција

Шестмесечно бебе во Британија почина од коронавирусот

Редакција