еМагазин
Image default
Техно

Владата и на „Вибер“ ќе информира за новите информации поврзани со корона вирусот

Владата отвори нов информациски канал на „Вибер“, за точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со корона вирусот.

„Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, исто како и останатите комуникациски алатки кои Владата интервентно ги отвори со цел интензивирање на комуникацијата со граѓаните за полесно справување со коронавирусот.

Во тој пакет е и официјалната веб-страна koronavirus.gov.mk, мобилната апликација за „Андроид“ и „ИОС“, како и наменските профили на социјалните медиуми „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“,“ се вели во соопштението од Влада.

Целта на новиот канал за комуникација на „Вибер“, како што информираат, е брзо, целосно и точно информирање на граѓаните за сите мерки за справување со корона вирусот од институциите, најнови информации од Министерството за здравство, како и помош на сите граѓани на кои им е потребна точна информација поврзана со ситуацијата.

„Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ „Вибер“ заедницата, за добивање точни, официјални и брзи информации поврзани со Ковид-19 на својот мобилен телефон,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) 85 годишната Елена Макалоска најстар излекуван пациент од коронавирусот во Прилеп

Убава вест: Од коронавирусот излекувани 75 здравствени работници во Македонија

Повеќе мажи, најголем дел се со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фејсбук го слави 15. роденден: Од студентски проект до светски гигант

Редакција

Дигиталната трансформација е двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан

Редакција

Виртуелна изложба на најпознатите исчезнати ремек дела

Редакција