Во Прилеп денеска се евидентирани три нови случаи на заболени од Ковид-19 со што вкупната бројка на заразени е 150. Од нив досега излекувани се 49, со денеска новоизлекуваните осум пациенти.
На инфективното одделение во Прилепската болница се хоспитализирани 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирусот, а двајца пациенти се наоѓаат во делот за изолација. Двајцата се негативни на Ковид-19, но задржани се поради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба.
Во самоизолација се наоѓаат 228 лица, а изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.
Од прилепската локална самоуправа го повторуваат апелот за првомајскиот празник и продолжениот викенд да нема собирања и да се внимава на сопствената и заштитата на другите.
МИА/Фото: Општина Прилеп
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Првиот заболен од коронавирусот во Делчево се заразил на скопските клиники, вели градоначалникот
Жена од Гостивар која боледувала од карцином, почина од коронавирусот
Убава вест: Излекувани дури 111 пациенти заболени од коронавирусот, вкупно оздравени 738