еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Датум за избори само кога Комисијата за заразни болести ќе го одобри тоа

Министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во вестите на телевизија „Телма“ на новинарските прашања што е со изборниот процес, дали експертите од Комисијата за заразни болести се согласуваат да има избори, имајќи предвид што партијата која е на власт денеска побарала што поскоро да се одржат изборите – веднаш штом олабават мерките, но и како би се одржувале изборите, Филипче истакна дека никогаш досега, ниту пак изборниот процес којшто бил закажан на почетокот на оваа криза не бил предмет на дискусија, ниту пак било нешто врз основа на што се темелеле препораките.

„Никогаш досега ниту еден настан, ниту пак изборниот процес кој што беше на почетокот на оваа криза закажан не беше предмет за дискусија, ниту пак беше нешто врз основа на што ние ги темелевме препораките, односно Комисијата за заразни болести – експертите, епидемиолозите ги темелеа нивните совети, препораки, предлози до Владата.

Се што се предложи на Министерството и Владата, сите мерки беа димензионирани здравјето на граѓаните да биде ставено на прво место. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и понатаму.

Само врз основа на стручни аргументи, анализа на бројот на пациентите, на новодијагностицирано, само врз основа на бројот на пациенти кои ги имаме во болниците, но и на домашно лекување ќе бидат дадени следните предлози“, потенцираше Филипче.

Тој додаде дека се надева дека овој тренд ќе продолжи. Тоа што секој ден има се помалку дијагностицирани пациенти, се помалку пациенти кои се лекуваат во болниците и на домшано лекување, тоа што има повеќе излечени отколку активни случаи – значи дека мерките беа добро димензионирани и добро испланирани, кои се темелеа на медицински аргументи, на епидемиолошката наука. Врз основа на ова, предлозите ќе продолжат да се даваат и понатаму.

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

Вкупно 1.506 заболени од коронавирусот: Потврдени 15 нови случаи, од кои половината во Куманово

Убава вест: Оздравени уште 45 пациенти, вкупно 852 излечени

Вкупнo 82 смртни случаи од корона вирусот: Почина уште еден пациент со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста

За прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Дрисла склучи договор со СБП енерџи продакшн вреден 383,7 илјади евра

Редакција

(Фото) Македонката Татјана Јанушева во најновата кампања на познатиот италјански бренд Miss Sixty

Редакција

„Март: Пошто го губиме статусот на УНЕСКО, притвор за Миле Јанакиески„: Твитер реакции

Редакција