Поминаа околу четири месеци од интродуцирањето на триесет европски елени во Националниот парк Галичица, соопштија оттаму преку нивниот Фејсбук-профил.
„Елените одлично се адаптираа на новата средина и без поголеми проблеми ја поминаа првата зима во репродуктивниот центар, каде што се сместени. Во шест хранилки, распоредени во репродуктивниот центар, редовно им се надополнува прихрана, со цел да се задоволат нивните нутритивни потреби.
Женките се во период на гестација и потребен им е мир во следните месеци. Оттаму, ги замолуваме сите посетители на Националниот парк Галичица да не се движат во и околу репродуктивниот центар“, велат од Националниот парк.
Поминаа околу четири месеци од интродуцирањето на триесет европски елени во Националниот Парк Галичица. Елените одлично се адаптираа на новата средина и без поголеми проблеми ја поминаа првата зима во репродуктивниот центар, каде што се сместени. Во шест хранилки, распоредени во репродуктивниот центар, редовно им се надополнува прихрана, со цел да се задоволат нивните нутритивни потреби. Женките се во период на гестација и потребен им е мир во следните месеци. Оттаму, ги замолуваме сите посетители на Националниот Парк Галичица да не се движат во и околу репродуктивниот центар.
Posted by National Park Galicica on Вторник, 05 мај 2020
Фото/Видео: Фејсбук/Национален парк Галичица