еМагазин
Image default
Македонија

Чулев: Ќе се преземат мерки за евентуално пречекорување на полициски овластувања во Струга

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил соопшти дека од страна на Министерството за внатрешни работи, во врска со настанот во Струга, најпрво превентивно е делувано со цел спречување на групирање на граѓаните.

– Имало обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката при што наишле на однесување кое не било возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на ситуацијата. ОВР Струга, натамошните мерки за целосна реализација на случајот ги води во координација со надлежното ОЈО, пишува Чулев.

Дополнително, додава, од страна на Одделот за внатрешна контрола ќе бидат преземени активности со цел утврдување на евентуално пречекорување на полициските овластувања од страна на полициските службеници кои го обезбедувале конкретниот настан.

– Неопходно е граѓаните да ги почитуваат мерките со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот. Социјалната дистанца, употребата на заштитна опрема и почитувањето на одлуките за групирање се неопходни со цел спречување на понатамошно ширење на пандемијата предизвиката од Ковид-19, наведува Чулев.

Министерството за внатрешни работи, додава, и во иднина ќе ги преземе сите мерки со цел зачувување на здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на Литијата во Струга

„Построг полициски час само за Струга“: Твитер реакции за верскиот собир

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Верувале или не: Полицајци пуштиле на слобода осуденик, бидејќи во затворот немало место

Редакција

Апелација одлучува за затворските казни на Мијалков и Јанкулоска за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Миле Јанакиески на судење за „Топлик“ на СЈО

Редакција