еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускоска: Протестите „За заедничка Македонија“ биле директно организирани од ВМРО-ДПМНЕ

Во Кривичниот суд денеска се одржа ново рочиште за насилствата во Собранието на 27 април на кое сведочеа Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието Сашко Коцевски.

Обвинителката Вилма Рускоска по рочиштето изјави дека сведочењето на Младеновски ја покажува инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полиција, односно структурите во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање. Додека од сведочењето на Коцевски, рече таа, дека може да се заклучат два апсекта.

„Прво, дека протестите под мотото „За заедничка Макеоднија“ биле директно организирани од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а исто така не толку, за дали требало да му се даде збор на Зекири Ибраими или на некој друг. Сакав да слушне и јавноста и судот, дека во моментот можел Трајко Велјановски да го исклучи мониторот на говорницата кога тогашниот пратеник Зекири Ибраими започнал да ја пее албанска химна“, појасни Рускоска.

Адвокатот на тројца од обвинетите Еленко Миланов пак вели дека несериозно е сведокот Коцевски кој бил дипломоиран педагог да толкува деловодник.

„Вториот сведок според неговите генерали е дипломиран педагог којшто во својата струка постапува со деца во претшколска и осмолетка и тој остана да толкува деловник, што сметам дека е сигурно несериозно“, истакна Миланов.

Во овој случај обвинети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски како се организатори на насилствата од 27 април во Собранието.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Премиерот Оливер Спасовски и Антонио Кочков на 13 мај ќе бидат повикани да сведочат на следното рочиште.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Треба да сведочи Спасовски: Продолжува судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април

Новинари поднесоа приватни тужби против државата за нападите на 27 април во Собранието

Ќе им се суди на Вељаноски, Јанакиески, Ристовски: Почнува судењето за организаторите на „27 април”

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24% од 38.019 заболени со Ковид-19 биле вакцинирани, 19% од нив завршиле во болница

Редакција

До крајот на следната недела се очекува да бидат вакцинирани 500.000 граѓани, што не е доволно, вели Филипче

Редакција

(Видео) Евроамбасадорот Дејвид стана Ричард Гир, гаф на министерот Муртезани

Редакција