Имајќи ги предвид препораките и заклучоците на Светската здравствена организација (СЗО), Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за корона вирусот, како и фактот дека на територијата на нашата држава сѐ уште бројот на заболени од корона вирусот не опаѓа со очекувана динамика, Лекарската комора апелира до сите институции, здруженија и граѓани, максимално да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство за намалување на ризикот од ширење на корона вирусот и мерките за заштита и превенција од Ковид 19.
Посебно да се почитува мерката со која се забранува собирање во група не повеќе од две лица, во паркови и други јавни места и јавни површини.
„Се молат граѓаните без поголема потреба да не ги напуштаат своите домови и да не се собираат и групираат. Почитувањето на мерките во голема мера ќе придонесе за спречување на понатамошно ширење на вирусот.
Со цел, да се зачуваат капацитетите во здравството, голема поддршка за здравствените работници да се справат со пандемијата е сите институции, здруженија и граѓани да ги почитуваат мерките и насоките за заштита на нивното здравје.
Поради тоа, посебен апел Комората упатува до оние кои сѐ уште не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата во којашто сите заедно се наоѓаме.
Мерките мора да се почитуваат, бидејќи од тоа зависи како и кога ќе се справиме со овој предизвик. Затоа е потребно да се покаже највисоко ниво на самосвест, солидарност и заедничка одговорност, дека знаеме и можеме да се справиме и со овој голем предизвик со којшто се соочува целиот свет,“ се вели во нивното соопштение.
Викендов во парк и на Водно имаше масовно присуство на граѓани и групирање без да се почитуваат мерките за заштита односно носење на маска и држење на два метри растојание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 1.664 заразени со корона вирусот: Потврдени нови 22 случаи, најмногу во Скопје и Тетово
Убава вест: Оздравени уште 64 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.200
(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Плажа Оревче
Видео: Фејсбук/Филипче