еМагазин
Image default
Локално

Инспектори изеле ќотек при интервенција за фрлање шут сред Скопје

На 11.05.2020 околу 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ бил нарушен јавниот ред и мир, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека физички биле нападнати В.Т.(50) од Скопје, комунален инспектор во град Скопје и неговиот колега М.Ѓ.(38) од с.Волково.

Имено, инспекторите забележале четири лица како истовараат шут на наведената локација и ги предупредиле да не го прават тоа, по што биле нападнати, а В.Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот во Скопје

Редакција

Обвинителство со детали за пукањето во Маџари

Редакција

Му удрил шише во глава во ноќен бар во Неготино

Редакција