Слабости на постапките за лекување во странство откриле државните ревизори по контролата на работењето на Фондот за здравствено осигурување.
Ревизорите констатираат дека поради специфичноста и сензитивноста на постапката во случаите за упатување на лекување во странство често се надминува законскиот рок од 45 дена за нивно решавање поради барањето дополнителна документација за одлучување на комисиите и други причини.
Тоа го одолговлекува упатувањето на лекувањето во странство, а со тое се влијае и на успешноста на лекувањето и предизвикување поголеми буџетски трошоци.
Дополнително, ревизорите укажуваат дека сегашните процедури не озвоможуваат второстепеност на постапката и соодветна правна заштита доколку барателот за лекување во странство е одбиен или незадоволен од донесените решенија.
Од Државниот завод за ревизија (ДЗР) потенцираат дека се потребни законски измени за да се решат овие прашања.
Целиот извештај ТУКА.