еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Оздравени 16 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 16 оздравени пациенти – осум во Скопје, по двајца во Прилеп, Струга и Велес и по еден во Гостивар и Кратово.

Во изминатото деноноќие на Инфективната клиника се примени шест пациенти, од кои четворица се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија.

Во моментов на Инфективна се хоспитализирани вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се шест пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 22 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Повеќето жени, 10 лица со претходни заболувања, детали за новите случаи на коронавирусот во Македонија

Без симптоми бил еден од новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катимерини“: Двете сценарија на Атина за исходот од референдумот во ПЈРМ

Редакција

Многу топло време и повисоки температури утре и во сабота, од недела попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Чаир рекордер: Како изгледа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција