Полициски службеници од СВР Скопје, по наредба од судија на претходна постапка, извршиле претрес во дом на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, каде престојува З.Т. (22) од Битола, при што биле пронајдени предмети за изработување дозволи за движење при забрана за движење, фалсификувани документи за кредити и други предмети.
„З.Т. признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на два правни субјекта кои биле дадени за лицата: З.Т., М.Н., С.Л., С.Д. и М.М. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Управител на кафе бар сам си издал дозвола за движење за време на полициски час
Вкупна казна од 30.000 евра за 30 лица кои играа оро во Гевгелија за време на полициски час
Полицискиот час не го почитувале 64 лица, приведени 49