еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе мажи, седум со претходни заболувања, детали за новите случаи на Ковид-19 во Македонија

Заклучно со податоците од вчера, бројот на заразени од коронавирусот во Македонија се зголеми за 25 и моментално вкупниот број изнесува 1.817.

“Тестирани се вкупно 286 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Регистрирани се 25 нови позитивни лица. Потврдените случаи се од 5 градови.

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 9 од женски и 16 од машки пол.

Регистрирани се четири хоспитализирани лица.

Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 20 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без симптоми 588 од заразените од коронавирусот во Македонија

Дома починале 13 лица од заболените од коронавирусот во Македонија

Две лица од новопочинатите од коронавирусот со претходни заболувања, едно имало контакт со потврден случај

Фото: Факултет за ветеринарна медицина/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Излекувани 301 лица заболени од коронавирусот во Македонија, 29 се здравствени работници

Редакција

Заев ќе побара од Џафери да објасни зошто во Европскиот парламент зборувал на албански јазик, но нема да има одговорност

Редакција

Важноста на корисничкото искуство и NPS како параметар за мерење на корисничкото искуство

Редакција