еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР предупредува: Измамници ветуваат лесна заработувачка со нова крипто валута

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР детектираше постоење на наводна кампања во која што лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до лажна страница во која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална крипто валута“ во Кина, соопшти МВР.

Оттаму информираат дека со кликнување на линкот, се влегува на лажна страница, а потоа преку сите линкови кои се појавуваат на страната корисниците се пренасочуваат кон страната https://yuan-payments.com/ која е хостирана во Украина.

„Откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, во рок од неколку минути непознати лица ги контактираат преку телефон со цел да ги убедат дека треба што е можно побрзо да се инвестира во новата кинеска крипто валута бидејќи цената расте секој момент.

Од страна на СККДФ беа направени проверки на веб страната и за истата е утврдено дека како регистрант се јавува лицето Vasyl Dymarev од Русија.

Текстовите и статиите на интернет страната се убедливо напишани а со цел граѓаните да поверуваат на нивната веродостојност и постапката им е добро разработена, почетната сума која ја бараат за инвестиција е 250$, но во понатамошната комуникација се обидуваат да изнудат и поголеми парични средства.

МВР апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Централна кооперативна банка на ракодводниот кадар лани му исплатила 518.000 евра

Редакција

Д-р Докиќ: Дебелината главен фактор кај младите што починаа од Ковид-19

Редакција

Каков имот пријавил Рефик Џемаили, новиот директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот

Редакција