еМагазин
Image default
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 59 лица, приведени 46

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

„Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се 28 прекршоци.За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекината собраниската седница, измените на Законот за попис прво на комисиска расправа

Редакција

Уставен формираше предмет за можна манипулација со работните часови во „Бехтел и Енка“

Редакција

(Фото) Премиерот Ковачевски и сопругата Елена на прием кај градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Редакција