еМагазин
Image default
Македонија

Прекината собраниската седница, измените на Законот за попис прво на комисиска расправа

Собранието попладнево ја продолжи 38. седница со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека на дневен ред на седницата се две точки по скратена постапка и образложи дека според Деловникот овие точки треба да се разгледуваат на матичните комисии, за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

„Бидејќи работата на комисиите продолжува и не се создадени предуслови за да може да одиме на расправа по овие точки тука прекинуваме со работа со оваа седница.

За продолжението на седницата дополнително ќе бидете информирани, што всушност зависи од работата на двете комисии, за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците, како матични комисии за овие точки и Законодaвно-правната комисија која исто така треба да ги разгледа двата законa“, рече Џафери.

Додаде дека кога ќе има извештај дека комисиите завршиле со работа со овие точки, согласно времето и роковите, ќе бидат известени пратениците.

Пратениците претпладнево ја изгласаа потребата од донесување Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка, поднесен од Владата и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чии предлагачи се претставници од сите пратенички групи во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Пописот е почнат, по донесувањето на Законот за негово одложување сите обработени материјали ќе бидат земени предвид

Алијанса на Албанците и Алтернатива не се предомислија, најавија амандмани за Законот за попис

Државниот завод за статитсика нема да почне со пописните активности на терен

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Специјалниот претставник Бучковски очекува брзо да се пронајде заеднички јазик со новата бугарска влада

Редакција

Продолжува судењето за неамнестираните за настаните во македонското Собрание од 27 април

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција