еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Харли Дејвидсон, станови, возила за 7 денари по килограм: Каков конфискуван имот продава државата?

Во јавноста деновиве се шпекулираше околу наводна набавка на нов „Мерцедес“ во кој се вози премиерот Оливер Спасовски, но директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани брзо ги демантираше вакви наоди и преку Фејсбук соопшти дека станува збор за запленето возило во соодветна постапка.

Тој додаде дека многу запленети возила досега биле донирани на различни институции.

Тоа беше повод „еМагазин“ да разгледа што се нуди на продажба од страна на агенцијата во изминатиов период.

Објавените огласи покажуваат лепеза на запленет недвижен и подвижен имот.

На јавното наддавање кое ќе се одржи на ден 29.05.2020 година на продажба се нудат 336 хаварисани возила кои всушност се продаваат како отпад со почетна цена од 7 денари за килограм.

Неодамна на продажба по втор пат бил понуден моторцикл Харли Дејвидсон запленет во Гевгелија по почетна цена од 553.500 денари.

Исто така, огласени за продажба со јавно наддавање биле и неколку конфискувани станови со различна квадратура и со различни почетни цени. Некои од нив на луксузни локации во Скопје.

Фото: Motors actu

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канада ги олеснува мерките за влез во државата

Редакција

(Фото) На Табановце запленето злато во вредност од 600 илјади евра

Редакција

(ФОТО) Распишана национална потерница за Никола Груевски

Редакција