еМагазин
Image default
Балкан

Четири дена по ред, нема новозаболени од корона вирусот во Словенија

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Болнички, поради Ковид-19, се лекуваат само уште 18 лица, од кои четири со потешка форма на болеста се на одделите за интензивна нега. Од почетокот на пандемијата во земјата вкупно беа инфицирани 1.468 лица.

Словенија е првата земја во Европа која прогласи победа врз коронавирусот. Рестораните и кафулињата во главниот град Љубљана се полни со гости, а отворени се и внатрешните делови на објектите.

Сепак, здравствените власи неколку пати потенцираа дека ваквиот добар резултат во справувањето со коронавирусот се должи исклучиво на големата дисциплина на граѓаните, навремените мерки на Владата и одговорното однесување на сите општествени чинители.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ги објави правилата за летување: Се препорачува клима уредите да се заменат со вентилатори

Донесен здравствен протокол: Како ќе работат хотелите и туристичките објекти во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канцерогениот ребрест чипс со вкус на пиперка е од чачанскиот производител Chips way

Редакција

(ВИДЕО) Големи гужви и журки на Миконос, грчките власти загрижени за враќање на епидемијата со корона вирусот

Редакција

Ексклузивно: Состојбата на 16-годишно момче кое полицијата го застрела во глава поради неплатена сметка за бензин останува критична, еМагазин на лице место

Редакција