еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Mакедонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675 отсто

Македонија ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра, соопшти Министерството за финансии (МЗ).

Рочноста на еврообврзницата е шест години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3.675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година, велат од таму.

Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време Ковид-19 кризата – најголемата економска криза по Големата депресија, кога сите економии, вклучително и светските економски сили, излегуваат на меѓународниот пазар на капитал за да обезбедат средства за финансирање на потребите за кризата, велат од Министерството.

– Исто така, интересот на странските инвеститори за македонската еврообврзница беше пет пати поголем од износот кој беше издаден. Ова е уште еден податок, покрај поволната каматна стапка, што укажува на доброто позиционирање кај странските инвеститори и нивната доверба во земјава.

Ова се должи на макроекономската и финансиска стабилност, како и нашата посветеност и успехот постигнат последниве години во евроатланските интеграции, велат од МФ.

Со издавањето на еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 176 милиони евра и заемите од Светска банка во износ од 140 милиони евра и од Европската унија од 160 милиони евра кои се преговараат и се извесни, се затвора финансиската конструкција за потребите годинава, односно дефицитот проектиран на 6,8% од БДП со ребаланс, обврските по основ на стари долгови од 705 милиони евра.

Дополнително, се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евенутален повторен шок и зависно од развојот на настаните делумно финансисрање на потребите за следната годна, велат од Министерството.

Земјава на меѓународниот пазар на капитал има излезено седумпати досега, вклучувајќи ја и денешната издадена еврообврзница.

Првата еврообврзница е издадена во 2005 година, потоа 2009, 2014, 2015, 2016, 2018 и сега во 2020 година.

Најниска камата од 2,75% има еврообврзницата од 2018 година, додека највисока во 2009 година од 9,875%, но мора да се напомене дека тоа е во време на светска економска криза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макошпед лани работел со зголемена добивка

Редакција

Се затвораат сите гранични премини

Редакција

Видео од инцидентот помеѓу кардиохирургот Јовев и директорот на Клиниката за кардиохирургија, Шокаровски

Редакција