еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Донесена Уредбата за ваучери за поддршка на домашниот туризам со вредност од 6.000 денари

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за издавање ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.

Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи, вели Битиќи

Редакција

ССНМ бара посебен пакет мерки за новинарите и медиумските работници

Редакција

(Фото) Ресторан во Тетово нуди бесплатни ќебапи и чај за сиромашните

Редакција